Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Дејвид Гир, денеска престојуваше во посета на Општина Струмица и се сретна со градоначалникот Костадин Костадинов.

Во објавата на фејсбук профилот на струмичкиот градоначалник е наведено дека со амбасадорот Гир разговарале за годината што помина, за проектите што се реалиозиран и почнати, како и за новите предизвици во новата година, како на локално така и на државно ниво.

-Нашиот пат е јасен-европската иднина која ја посакувам и јас и моите сограѓани, затоа што само таа носи прогрес за сите нас. Како и секогаш, така и денеска, ја добив и почитта и поддршката од амбасадорот Гир за големиот мотив и труд во создавањето на новата верзија на нашата Струмица, објави Костадинов.

Во рамки на посетата евроамбасадорот Гир го разгледа Младинскиот центар, сместен во подрумските простории на општинската зграда, кој според градоначалникот Костадинов, е еден од неговите омилени проекти реализиран лани и кој секојдневно си ја оправдува и потврдува својата намена.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2024 22:35