Завршија градежните работи на десната страна на кејот на река Вардар во Велес во должина од 200 метри на потег од мостот „Гемиџии“ до Мало Мовче.
Во рамки на проектот на ова место ќе бидат поставени два киосци за продажба на сувенири, како и други производи од традиционални велешки занаети.
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев информира дека велешани после 20 години добија модерно уреден кеј, а најави и доградба на кејот.
-Ќе направиме напори во текот на оваа година да продолжиме со изградба на дополнителни 250 метри, за целосно уживање и можност за рекреација, потенцира Колев.
Изградбата на кејот на реката Вардар од десната страна е дел од проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран од средствата на ЕУ, за преку гранична соработка меѓу Грзија и Северна Македонија. Тој ги опфаќа градовите Велес и Лерин и со него треба да се развива локалната економија.
Кејот на левата страна на рекатата Вардар беше изграден пред 20-тина години.