Фитнес-тренерот Моли Ава покажа како изгледа нејзиното природно тело, сакајќи на тој начин да ги поттикне жените да не бидат престроги кон себе кога во прашање е изгледот. Имено, на една фотографија таа е во хеланки преку стомакот, а на втората со откриен стомак.

„Моето тело може да се промени во еден миг, исто како и секој друг. Која било фотографијата што ја гледате на социјалните мрежи е можеби една од 100 што ги направиле. Тоа покажува што ти би сакал да видиш... Сосем е в ред некој да се претстави во најдобро светло на социјалните мрежи, но не треба да дозволите ниту еден отсто од она што го покажуваат другите да го дефинира твојот однос кон себе. Најдобриот вид љубов е онаа љубов што ќе ја изберете да си ја дадете, без да се присилувате да се споредувате со другите луѓе на интернет“, вели Ава.

Втората споредба: Фотографија каде што „инфлуенсерката“ стои облечена во бикини и - друга на којашто таа седи опуштено.

„Со Новата година - нови цели. Лесно е да си дозволите да почнете да се споредувате. Останете силни, изберете да се сосредоточите на себе, а не на другите“, додаде таа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2024 16:55