Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“, ја продолжува успешната фестивалска кариера.

После дваесетина селекции и пет награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени, годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC - Caribbean Sea International Film Festival (https://ficmarc7.wixsite.com/festivalmarcaribe) кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари.

Ова е трет пат филмот да игра во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама.

Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски.

Бизнисот на Задоволството е поддржан од Агенцијата за Филм, а македонската публика напролет конечно ќе може да го види и во кино салите кај нас



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2024 21:04