Како изминатите седум години состојбите во земјоделството никогаш не биле полоши.

Седум години земјоделците се целосно заборавени од владата на СДС, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски.

Се сменија тројца министри и секој најавува подобрување на земјоделството, но резултати до ден денес нема.

Земјоделците едвај преживуваат, а голем дел од нив веќе ги напуштаат нивите бидејќи не само што трудот и маката им се невреднувани, туку и се потценети.

Најдобар показател дека ситуацијата во земјоделството изминативе години е катастрофална покажаа протестите на земјоделците ширум Република Македонија, кои бараа помош од владата на СДС и Николовски. И наместо помош добија обвинувања дека протестите биле партиски и дека некој ги користи за политички поени.

СДС, Николовски и Ковачевски наместо вината да ја бараат во себе за хаосот и пустошот во земјоделството, ги потценуваат земјоделците кои со својата чесна работа заработуваат за себе и своите семејства за да ги прехранат.

Од седумгодишното владеење на СДС, Ковачевски и Николовски ситуацијата во земјоделството е следна:

· Ненавремена исплата на субвенциите и намалување на субвенциите;

· несигурен пласман и ниски цени за земјоделските производи во сите земјоделски гранки;

· проблеми со наводнување на земјоделските површини;

· нерамноправна распределба на земјоделското земјиште, односно наместо на земјоделците да го добијат земјоделското земјиште истото завршува кај лица блиски до Николовски и до власта. Македонија стана увозно зависна од храна, која моли и купува храна од соседните земји, додека граѓаните јадат небезбедна храна со потврдено присуство на пестициди;

· ненавремено справување со африканската свинска чума;

· граѓаните плаќаат скапо огревно дрво, додека тендери за преработка на опожарените дрвја земаат блиски фирми до власта и Николовски;

· Николовски потпишуваше договори за доделување на земјоделско земјиште по багателни цени;

· криминал и злоупотребување со ИПАРД фондовите;

· унапредување на партиски лица блиски до Николовски и вработување на кадри на СДС.

На само еден месец пред гласањето на техничка влада, СДС и Ковачевски сакаат да си го озаконат предизборниот поткуп и преку таканаречениот антикризен пакет само на неколку земјоделци ќе им дават по 1.000 денари и тоа се до завршување на изборите.

Седум години ги заборавија, а сега на само неколку месеци пред избори ќе им делат по 1.000 денари.

Нивните 1.000 денари нема да им помогнат не само на земјоделците, туку и на граѓаните нема да им помогнат. Земјоделците не бараат милост, туку бараат достоинтсвени цени за земјоделските производи кои ги произведуваат.

Им порачуваме дека нивните нечесни и дволични игри се препознаени од земјоделците. СДС веќе нема поддршка од граѓаните и тоа е јасно.

Со еден збор, во земјоделството никогаш не било полошо. Но, важно е на парламентарните избори да ги поразиме.

ВМРО-ДПМНЕ има план, визија, стратегија и проекти за земјоделците и ќе започне со реализација веднаш по формирање на идната влада.

Време е за промени. Време е да се стави крај на поразините политики на владата на СДС, Ковачевски и Николовски



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2024 21:16