Низ една максимално транспаретна процедура со објавен јавен повик врза база на правилник, денес заедно со олимписките величини Шабан Трстена, д-р Борче Костовски, Борко Ристовски и Баже Илиоски доделивме 110 спортски стипендии на најуспешните спортисти од Општина Бутел.
Искрено се надеваме дека некои од денешните стипендисти ќе ги повторат успесите на Шабан и Дејан.
Денешниот настан опфати пет категории на спортски стипендисти.
Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.
Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, за многу скоро ќе биде и во спортска инфраструктура. Јас како градоначални и општина Бутел ќе бидеме цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од нашата општина!
Честитки за сите стипендисти!