Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 14.01.2024 година во 00 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5.

Како што соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2024 21:58