СДС брутално лаже за набавката на машините за бележење сообраќајници, одејќи со наратив дека е голема афера, а всушност станува збор за домаќинска набавка.
СДС вели дека таквата машина можела да се набавки за (цитираме) „две до три илјади евра“.
Еве и да речеме дека е така, во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави.
Оттука следствено на тоа ќе ги поставиме истите прашања кои ги поставува СДС.
Што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот.
Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики.