СДС за 7 години ја задолжи државата за нови 3.3 милијарди евра.

Уште лани Ковачевски и Бесими со постојаните задолжувања ја надминаа бројката од 8 милијарди евра вкупен долг.

Иако се задолжија за неколку нови милијарди, нема нови инвестици, автопатот Кичево - Охрид е незавршен 7 години, Скопје - Блаце два километра два мандати ги прават.

На неколку милијарди нов долг, се уште по 100 луѓе секоја година собираат пари за лекување, нема терапии за ретки болести, а често нема ниту средства за апликација на терапија по болниците.

На неколку милијарди нов долг не успеаја 7 години да го фатат теркот дека секој септември треба да има учебници за учениците, а не тие да ги чекаат дури во декември.

Неколку милијарди нов долг, а народот е се посиромашен. 600 илјади живеат во сиромаштија речиси секој 3 граѓанин е сиромашен. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2024 21:13