Оваа година по втор пат, општина Гази Баба го субвенционира оддржувањето на училишниот зимски камп во кои учествуваат учениците од општинските основни училишта во Гази Баба.
За кампот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Успешен зимски камп им посакав на учениците од општинските основни училишта во Гази Баба! Втора година по ред, општина Гази Баба субвенционира учество на учениците од општинските основни училишта во Гази Баба на зимскиот капм кој го организира Сојузот на училишен спорт на Гази Баба за време на зимскиот распуст. За време на училишниот зимски камп, учениците ќе имаат можност да другаруваат, рекреираат и спортуваат, а истовремено ќе уживаат во зимските спортови. Гази Баба за сите! - напиша Стефковски.