Целосно се реконструирани спортските терени во населбата Тунел во Велес. Поголемиот спортски терен е наменет за мал фудбал и ракомет, вториот помал е за кошарка, а реконструирани се и трибините за публиката. Детското забавно катче со реквизити, кое се наоѓа веднаш до спортските терени, наскоро треба да биде опремено со нови реквизити, а напролет овој простор ќе биде збогатен и со нови зелени оази и нова урбана опрема, информираат од Општина Велес.

-Вложувањето во реконструкција и изградбата на нови спортски терени во градот и населените места во општината, е еден од приоритетите на локалната власт, потенцираат од Општина Велес.

Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој и кофинансирање на Општина Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2024 01:36