Осветување на водите во скопската Општина „Ѓорче Петров“ по повод Богојавление-Водици во петок на 19 јануари, традиционално ќе се одржи на две места, кога Чесниот крст ќе се положува во водите на реките Лепенец и Вардар.

Како што информираат од Општина „Ѓорче Петров“, на реката Лепенец положување на Чесниот крст ќе се одржи во 11 часот кај последна 22-автобуска станица. Пријавувањето на заинтересираните православни верници кои сакаат да учествуваат во чинот е на телефонскиот број 02 20 55595.

На мостот во Хром, манифестацијата е од 12:00 часот, а пријавувањето на заинтересираните граѓани –православни верници , а кои сакаат да учествуваат во чинот е во канцелариите на црквата Св."Петар и Павле".

Општина Ѓорче Петров како покровител ги повикува граѓаните –православни верници заедно и масовно да дојдат на овие две места и да го одбележат овој важен ден во христијанството, Денот кога Св.Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во водите на реката Јордан.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2024 23:41