На манипулациите на СДС им нема крај, така и со креирањето на лажни афери, кои веднаш им паѓаат во вода, бидејќи немаат никаква поткрепа.

Машини за бележење на коловоз, набавиле општините Центар и Струмица, за цена 6 пати повисока од таа, која што СДС тврди дека е реална. СДС вели дека реалната цена е 2 до 3 илјади евра. Ако тоа е така тогаш градоначалникот на општина Струмица Коста Костадинов, машината ја набавил за 15 илјади евра, додека општина Центар за 850 илјади денари, преку јавното претпријатие за паркинзи, така да по овој основ и според тврдењата на СДС за цената, Јавното Обвинителство треба веднаш да отвори истрага, за да се утврди дали имало малверзации во набавките.

СДС да одговори во чии џебови завршила разликата во цената?

Паниката во СДС, се покажува се повеќе од ден во ден, во немоќ пред јавноста да прикажат резултати, каде катастрофално раководат заедно со ДУИ, во сите сфери во општеството, се обидуваат да креираат лажни афери за оние кои се способни и имаат резултати.

Народот едвај ги чека на 8 мај, да ги прати во историјата, за потоа да има и одговорност. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2024 23:45