Димитар Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ.

Ковачевски не е портпарол кога станува збор за бандитизмот, Ковачевски е портпарол само кога ќе му дошепне Али Ахмети.

Уште пострашно, Љупчо Николовски, министер со цело семејно стебло вработено во М-НАВ, не му било гајле за ставот на премиерот!

Ќе ве замолам да погледнеме едно кусо видео.

Почитувани,

· Бујар Османи вработил сестра;

· Артан Груби - снаа;

· Ејуп Алими, екс пратеник од ДУИ - две снаи и син;

· Беким Незири, притворен како предводник на групата тепачи во М-НАВ вработил внук;

· Љупчо Николовски во М-НАВ има чичко, братучед, а Телма објави и за внук.

Ама Ковачевски не смее глас да пушти, не бил портпарол.

Почитувани,

Ова е шемата по која што функционира лажниот европски фронт.

Министри вработувале по два-тројца роднини во М-НАВ, а потоа „не им е гајле“ што мисли премиер.

Ковачевски не смее збор да каже за министри и функционери на ДУИ дури и кога тепаат во контролна кула за летање.

СДС и ДУИ не може да се европски фронт, затоа што тоа е коалиција на бандитизмот!

Ова е класичен бандитизам со којшто функциите губат значење.

Ваков бандитизам прави на народот да му се гади и затоа велиме никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме!



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2024 23:02