Со финансиска конструкција од еден милион евра, во тек на изградба е кејот на реката Луда Мара, до Општа болница Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

- Оваа инвестиција ќе го дополни убавиот кеј кој се протега до селото Ваташа. Се гради минор коритото, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј - шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град. Ова е проект од особено значење за овој дел на Кавадарци, за поубав и пофункционален дел од градот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Станува збор за потегот од земјоделското училиште до кавадаречката болница.

- На општо задоволство на сите, ветеното е сторено. Во тек на реализација е уште еден проект од изборната програма, нагласија од кабинетот на Јанчев.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2024 01:26