За Богојавление, Водици, се пријавија 120 прилепчани кои ќе скокнат во водата на базенот кај прилепскиот хотел „Салида“ за да фатат светиот крст од осветената вода. Свечениот чин ќе биде напладне в петок, на Водици.

Во соработка со Прилепското архиерејско намесништво оваа година се враќа масовноста на овој свет чин, информираат од прилепската локална самоуправа каде беше пријавувањето на учесниците и која во соработка со Прилепското архиерејско намесништво го организира светиот чин на Водици.

Чинот на фрлање на крстот, Богојавленскиот водосвет, ќе биде извршен и во уште 15 други населени места на територијата на општина Прилеп каде ќе учествуваат околу 150 жители - верници од населените места.

Во Прилепско четврта година по ред ќе се одржи и една традиција на капење во осветени води. Повеќе од 100 прилепчани чинот ќе го изведат на Водици на езерцето во близина на превојот Плетвар.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2024 01:38