Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, народот нема за леб.
600.000 наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден. Со СДС и ДУИ на власт секој ден е полош од претходниот.
Со СДС и ДУИ бројот на сиромашни граѓани за 6 години се зголемил за 140.000.
Во 2018 година бројот на луѓе кои живееле во сиромаштија бил 460.000 , денес 600.000.
Секоја година од 2018 до денес по 24.000 граѓани запаѓаат во сиромаштија. Тоа значи дека овие луѓе имаат потешкотии да си ги обезбедат и основните средства за живот, како храна и лекови.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.