На Универзитетот во Тирана денеска свечено беше означено отворање на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, објави Универзитетот на официјалната веб страница.
Се поосчува дека станува збор за „воннаставен курс по македонски јазик на Факултетот за странски јазици".
-Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана додаде воннаставен курс по македонски јазик. По повод свеченото отворање на овој курс, ректорот на Универзитетот во Тирана проф. Др. Артан Хоџа ја пречека делегацијата од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"од Скопје, стои во објавата.
На средбата се разговарало за можностите за проширување на соработката и заеднички проекти во областа на високото образование.
Освен ректорот на Универзитетот во Тирана, Хоџа, на средба присуствувале и неговиот заменик Бернард Дости, деканката на Факултетот за странски јазици, Есмералда Кромидха, како и други претставници на албанските високообразовни институации.
- Од македонска страна беа нашите ценети гости ректорот на „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. др. Билјана Ангелова, амбасадор на Република Северна Македонија во Албанија, Данчо Марковски и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. др. Кристина Николовска, се посочува во објавата.
Лекторат по македонски јазик во Тирана функционираше до пред десеттина години. Иницијатива за реактивирање на лекторатот покрена Македонското друштво „Илинден"-Тирана, кое и достави барање до Факултетот за странски јазици.
Позитивниот одговор друштвото го оцени како историски момент за Македонците во Албанија.