По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици утре 19 ти јануари (петок) со почеток од 11:00 часот, се организира положување на животворниот крст во водите на реката Вардар од мостот кај село Уланци. За најсреќниот што ќе го извади крстот, Општина Градско доделува награда – златен крст и златен ланец, информира градоначалникот Киро Нацков.

Тој посочува дека сите православни верници кои ќе учествуваат во овој настан потребно е да направат лекарски преглед. Пријавените треба да стојат на левиот брег на реката Вардар се додека крстот не биде положен во вода од страна на свештени лица од Повардарската епархија, а по традиција ќе претходи осветување на водита на реката Вардар.

Нацков ги повикува сите православни верници жители на општината да присуствуваат на овој чин по повод празникот Богојавление-Водици.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2024 23:48