Координаторот за размени и стипендии во Амбасадата на САД во нашата држава, Газмед Илази, денеска во Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ пред млади струмичани ги презентираше младинските образовни програми за размена.

Според него се работи за повеќе од 20 програми за размена на кои можат да учествуваат млади луѓе од земјава.

-Денеска разговараме кои се тие програми, како се аплицира, кои се придобивките на овие програми, кои се многубројни. Имаме програма која ќе објавиме оваа недела коа овозможува целосни постдипломски студии во САД и младите кои сакат да го стекнат тоа образование ќе бидат на тамошните топ 10 универзитети и нема да плаќат ниту еден денар од нивниот џеб, туку нивните трошоци се целосно покриени. И не само тоа, сите програми кои се нудат американската влада ги покрива за нив сите трошоци-од виза до повратен билет. Дополнително, тие ќе бидат членови на меѓународна мрежа на алумни, односно автоматски стануваат членови на таа мрежа на студенти кои студирале во САД, а таа мрежа има буџет од 33 милиони долари за аплизирање на различни проекти, рече Илази.

Додаде дека интересот на младите од нашата држава за овие програми е голем, посебно на универзитетите, бидејќи поголем дел од програмите се за постдипломски и докторски студии, како и за програмите за граѓанските организации.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 00:36