Каде и да се завртиме во државата има нарушен систем. Состојбите во Македонската навигација се нарушувања на општествено политичкиот систем, состојбите во здравството исто, состојбите со Онкологија се нарушување и слично. И она што треба да се заклучи и е видливо е дека не се извлекува поука од тоа. Одговорност во државата многу ретко има, посебно кога се работи за некој близок до власта, посебно на ДУИ, рече Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостување во емисијата Клик плус што се емитува на телевизија 21.

Според Мицевски Извештајот на Европската комисија јасно кажува за она што се случува во државата и како што вели за сето ова за што зборувам. Мицевски се осврна и на злоупотребата на европското знаменце.

„Бројот на злоупотреба на европското знаменце е огромна, зголемување на злоупотребата има постојано тоа е злоупотреба на многу закони кои немаат допир со правото на Европската унија“, вели Мицевски.

Мицевски посочи дека по преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ многу работи ќе се сменат и ќе бидат во согласност со европските стандарди.

„Со преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ треба да се направи ресет на многу работи, на закони на кои има злоупотреба. Со преземање на власта и со една целосна анализа ќе има решенија кои ќе нудат правна сигурност“, посочува Мицевски.

Мицевски посочи дек по преземање на владата ќе мора да има владеење на правото. „Мора да има активности за коруптивните постапки, за сите малверзации, за сите скандалозни тендери мора да има контрола. Граѓаните очекуваат правната држава да профункционира. Доста се кријат зад правната државата“, кажа Мицевски Мицевски се осврна и со проблемот во ДИК јасно посочувајќи дека местото припаѓа на опозицијата.

„Местото на Алијанса за Албанците беше во ДИК додека партијата беше опозиција, сега тие се власт и тоа е место на опозицијата“, објасни Мицевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 04:12