Четириесетгодишниот Трајче Камчев прв стигна до светиот крст положен во водите на браната Моклиште кај Кавадарци.

- Првпат пробав и успеав. Посакувам здравје и среќа за сите луѓе во светот. Само здравје, а другото ќе си дојде по ред, изјави Камчев.

Тој доби бројни подароци, а меѓу другите, му честитаа и градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот на Општината, Стојанче Рамов и претседателот на месната заедница Ваташа, Зоран Пењушков.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 14:22