Љубе Шопов денеска го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица.

Во водата скокнаа 25 граѓани, а најбрз беше Шопов.

-Повеќе пати скокам по крстот и сега прв пат успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите. Се надевам дека идната година ќе не има повеќе, рече Шопов.

Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.

Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите општини и населени места во Југоисточниот регион.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 21:42