Средношколецот Илија Долев од кавадаречкото село Бегниште прв дојде до светиот крст положен во водите на Тиквешкото Езеро, втора по големина вештачка акумулација во државата.

- Имам 17 години, учам во средното електро - техничко училиште во Кавадарци. Вторпат на овој голем празник Богојавление - Водици, се обидов прв да дојдам до светиот крст положен во езерските води и успеав. Последен скокнав од брегот, но, успеав. Се надевам дека ова ќе ми донесе многу среќа во животот, изјави тој за МИА.

Долев доби подароци, а доби и икона од пратеничката Даниела Колева. Положувањето на светиот крст во езерските води е традиција на Тиквешкото Езеро.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 22:24