По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици и оваа година, традиционално, се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден.

Годинава, во водите на езерото кај хотелот „Белви“, светиот крст го положија владиката Јоаким од Дељадровско - Илинденска епархија и свештениците на црквата „Свети Константин и Елена“, соопштија попладнево од Општина Илинден.

- Од пријавените 32 учесника, најсреќен беше Дејан Ристовски. Тој на оваа манифестација учествува секоја година, а светиот крст по вторпат доаѓа во неговите раце, наведуваат од општината.

Покрај честитките за здравје, среќа и благослов во текот на целата година, Ристовски, традиционално добил пригодини подароци од градоначалникот Александар Георгиевски и од спонзори.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 22:30