Филип Димитров го извлече светиот крст од реката Вардар во Неготино, на денешниот празник Богојавление - Водици.

- Заедно со голем број граѓани на општината Неготино, присуствував на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици и положувањето и фаќањето на крстот во водите на реката Вардар. По положувањето на крстот во Вардар, најсреќен и највешт беше Филип Димитров, кој во неговиот втор обид успеа за првпат да стигне и да го извлече богојавленскиот крст. Традиционално, во име на општината Неготино, на Димитров му подарив телевизор, а подароци доби и од МПЦ „Свети Атанасиј“ и од генералниот покровител „Зегин“, рече неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Тој го честиташе празникот и посака сите да го поминат во добро здравје, исполнети со радост и среќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 22:31