Општина Демир Хисар го одбележа денешниот христијански празник Богојавление – Водици во 19 населени места на територија на општината.

Централната Богојавленска свеченост се одржа во населеното место Мургашево, каде од мостот на Стара Река беше положен светиот крст, а го извади Христијан Нешковски.

За првото учество на Нешковски и успехот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски, му додели пригодни подароци.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 22:32