Деветнаесетгодишниот Иван Миленковски од Македонска Каменица го фати светиот крст положен во водите на Каменичка Река на денешниот голем христијански празник Богојавление-Водици.

По светиот крст во Македонска Каменица, како што се вели во објавата на градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, скокнале околу 30 верници.

-Му врачив пригодни подароци и му посакав годинава да биде исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба за сите жители во општината, рече Атанасовски.

Светиот крст во водите на Каменичка река годинава го положи епископот Делчевско – каменички г. Марко по претходно отслужена утринска богослужба и Богојавленски водосвет во Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 22:35