Синоптичарите најавуваат суво и многу студено време со ниски температури и услови за појава на магла. Најстудено ќе биде во понеделник и вторник наутро.
Од понеделник до средината на неделата, времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури.
Наутро, температурата насекаде ќе биде негативна и наместа, пред сѐ во Малешевијата, ќе се спушти и под минус 15 степени.
Дневната температура во следните денови постепено ќе се зголеми и од среда, во најголем дел од местата, ќе биде над нулата.
Во Скопје, утринската температура на почетокот од работната недела во делови од регионот ќе се спушти и до минус 15 степени.
Поради многу студеното време, формираната снежна покривка нема да се менува многу.