До средината на оваа седмица времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

Како што соопштуваат од УХМР, најстудено ќе биде утре и во вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.

Времето утре наутро ќе биде ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -8, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.

Во Скопје наутро ведро и многу студено, преку денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -13, а максималната ќе достигне 3 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2024 04:55