Јавното претпријатие „Водовод“ упати апел до граѓаните на Охрид да не ја користат водата од градскиот водовод за било каква употреба.

„Поради настанат дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини извори и појава на зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на градот Охрид, се додека не се излезе со ново соопштение после санирање на настанатиот дефект“, информираат од охридски „Водовод“.

Од синоќа поради настанат поголем дефект на водоводната мрежа, пукање цевка со профил 300 милиметри кај кружниот тек на булеварот „Туристичка“ накај спортскиот центар „Билјанини извори“, во прекин е водоснабдувањето на поголем дел од централното градско подрачје на градот Охрид.

На терен се екипи што работаат на отстранување на настанатиот дефект така што се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во попладневните часови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2024 16:45