ЈЗУ Општа болница Велес односно Одделот за хурургија од Министерството за здравство доби врвен апарат за анестезија вреден 4 милиони денари и нов респиратор во одделот за интензивна нега, вреден 3,5 милиони денари или двата во вкупна вредност од 7,5 милиони денари, со што, како што велат надлежните, многу ќе се подобрат здравствените услуги.

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.

Тој информира дека новиот апарат за анастезија е веќе поставен во операциската сала на одделот за Хирургија при ЈЗУ Општа болница Велес, како и новиот респиратор во одделот за интензивна нега при оваа одделение.

- Како никогаш досега вложуваме во набавка на нова медицинска опрема. Двојно го зголемивме буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи обезбедивме нова и современа опрема.За една година направивме сериозно зајакнување на јавното здравство со нова апаратура, реконструкции и лекови. И во следниот период продолжуваме да правиме позитивни промени во еден од најважните столбови, а тоа е здравствениот сектор, најави министерот Меџити



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2024 22:54