„Јас ви гарантирам без разлика на демантите на раководството на УЈП дека таму е правен противзаконски поврат на ДДВ со користење и злоупотреба на фиктивни фактури и книжења без да се направи проверка на тоа што се побарува од државата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма телевизија.
„Последниот случај што е кај мене дојден, тоа е само оној случај за фирмите две од Липково поврзани со еден правен субјект, со бензински пумпи во североисточна Македонија и Скопје. И тоа е само еден од случаите отуѓени на косовски државјанин кој што никогаш не сме го виделе откако ја презел таа фирма“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има многу информации за многу други фирми и тие се објавуваат деновиве на прес конференции.
„Имаме многу други фирми кои што деновиве ги објавуваме на прес конференции. И верувајте дека тоа што го тврдиме е точно“, нагласи тој.
Мицкоски посочи дека штетата на Буџетот е неколку десетици милиони евра.