Проектот за изградба на Спортско-рекреативниот центар „Топлик“ е избран за приоритетен на последната форумска сесија за избор на проект од областа на животната средина што ја организираше Општина Гевгелија.
На последната форумска сесија од вкупно четири, по пат на евровизиско гласање и со најмногу освоени поени, Форумот како приоритетна ја оцени изградбата на Спортско-рекреативен центар крај браната „Топлик“, проект којшто работната група на Советот на Општина Гевгелија и локалната самоуправа го развиваа на претходните три сесии.
Овој проект ќе се гради со грант од 40 до 50 илјади долари од УНДП и 50 отсто кофинансирање од Општината.
Останатите предложени пет проекти од страна на граѓаните, претставници на институциите и претставниците на бизнис и граѓанскиот сектор остануваат во сопственост на Општина Гевгелија, со можност за реализација од страна на локалната самоуправа.
Инаку, Форумските сесии во Општина Гевгелија се одржаа во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети-Фаза 2“, финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.