Вчера, со гласањето на Талат Џафери за технички премиер, СДС дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да си ги спасат фотелјите и коруптивните зделки.
Верните слуги на ДУИ, вчера го направија македонскиот народ кираџија во својата држава и дозволија партија, која нема број на пратеници, а ни гласови да има премиер на државата. Партија која е се, само не е европска, партија на насилници, кои упаѓаат во институции да се пресметуваат, каде има коруптивни функционери, кои само мислат како да приграбат, што повеќе милиони и имоти за себе и своите деца и внуци.
Талат Џафери е синоним за политичар и личност, кој е недостоен да биде на ова место. Човек кој е близок со криминалното подземје, каде често и се слика со нив, човек кој по потреба ги кршеше законите и Деловникот во Собранието, човек кој си ја вработи ќерката во ЕЛЕМ, а синот полагаше правосуден испит без диплома за завршен факултет, човек кој го блокираше и законот за бранителите, со читање на поезија од говорница.
Народот после се што помина, со право смета дека нема држава но ќе го издржи и Талат Џафери 3 месеци, а после тоа граѓаните со својот глас, јасно и гласно ќе ја искажат својата волја и сите овие криминални структури ќе ги пратат во историјата, по што ќе следува и одговорност.
Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!