Со внимание го проследивме последното соопштение на СДС каде одбројуваат уште 99 дена до изборите.

Иако е иронично, но би додале дека е секако суицидно СДС да си ги одбројува деновите до сопствениот пораз.

Не знаевме дека со таква неопислива среќа и радост, наспроти колективната несреќа и тага ќе ги прославуваат деновите кои командант Форина Талат Џафери ќе е премиер.

Тој поклон даден од СДС, покажува дека богато ја омажија невестата, за свој личен и лукративен интерес.

Дали е 99 или 69 за СДС, веруваме дека во ваквите едноставни математички операции СДС е најдобар, зошто од математика исто како и во тендерите само одземање разбираат.

Но непобитен факт е дека државата ја украдоа, а Македонија ја има се помалку.

Затоа е важно да ги поразиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2024 11:38