Во последното деноноќие имало вкупно 1.627 повици на Единствениот број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив „реални“ повици биле 39,40 отсто, а 60,60 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 48,56 отсто, кон Итната медицинска помош 41,97 отсто, кон пожарникарите 8,65 отсто, а кон АМСМ 0,41 отсто од реалните повици кон 112



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2024 12:00