Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање во Кичево, со што престануваат да важат заштитните мерки и препораки поради алармантно загадување воведени пред една недела.

-Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 26.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево, известуваат од МЖСПП.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2024 12:12