Синдикалната организација на вработените во тетовската печатница Напредок информира дека од четвртокот 25 јануари наишле на затворени врати од фирмата, на која биле поставени натписи и одлуки за колективен одмор до 14 февруари 2024 година. Вработените на почетокот на јануари информираа дека побарале од сопственичката структура да им се реши статусот со оглед дека не добиваат работни задачи од средината на декември 2023 година, а воедно чекаат исплата на повеќе плати.
- Од 15 декември 2023 немаме репроматеријали и не работиме. Ние сме принудени да доаѓаме на работа за да се реши статусот и да ги добиеме неисплатените плати. Вработените во фирмата Напредок 1 треба да земат плата за ноември, декември 2023 година и сега јануари 2024 како и К15. Вработените во Напредок Принт треба да земат шест плати, од август 2023 година и сега за јануари 2024 година како и К15. Во четвртокот вратите беа затворени, а поставени одлуки со потпис на управителот во кои се вели дека поради намален обем на работа Друштовото донело одлука за користење на колективен годишен одмор од 25.01.2024 до 14.02.2024. Вработени треба да се јават на работа на 15.02, изјави Живка Димовска, која од денеска ќе биде нов претседател на Синдикалната организација.
Денеска синдикалната организација на вработените одржа состанок и со претставници на нивниот гранков синдикат.
Вработените во тетовска печатница Напредок во 2023 година неколку пати преку медиумите бараа реакција од државните институции затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување.
Печатницата Напредок во Тетово постои од 1948 година како државна фирма која во 1989 преминала во акционерско друштво. Од 2006 година е приватизирана со продажба на акциите