Во вкупно 20 основни и средни училишта од Куманово, второто полугодие од учебната година не го продолжиле 131 ученик бидејќи се отпишале, покажуваат податоците на секторот за образование Куманово.

- Според податоците, во четирите средни училишта во учебната 2023/24 година се запишале 3596, а испишани се вкупно 29 ученици, додека во основните училишта бројката е поголема и од вкупно запишани 9296, испишани се 102 ученици. Овие податоци укажуваат на фактот дека трендот на иселување продолжува и во текот на учебната 2023/24 година, посочуваат од секторот во денешната информација до медиумите.

Поголем дел од информациите кои доаѓаат од училиштата е дека учениците со семејствата заминуваат кон западноевропските земји, значително помал процент се отселени во други општини.

Според податоците од последниот попис, Куманово е најголема општина во државата со вкупно население од 98 104 жители.

-Процесот на миграција не запира. Иако Куманово е најголема општина во државата според број на население со 20 училиште и е со најголем број ученици, сепак не го одминува бранот на отселување особено кон западноевропските земји, изјави претходно раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2024 22:09