На 8ми мај ќе нема кој да го изгаси светлото во СДС, со Ковачевски Македонија тоне, немаме повеќе држава.

Слаби се собирите на СДС и Ковачевски кој вечерва во предвреме почната компања глумеше триумфализам, иако во себе знае дека губи 2:1.

Што се однесува на ЕУ, Македонија не се помрдна ниту милиметар кон Унијата додека се СДС и ДУИ во влада.

Изминативе 7 години имавме само криминал, корупција и мафијашки престрелки како држава.

До толку е неспособна власта што издавање на патни исправи не можеше да организира, и дозволи да се направи хаос.

Со СДС Македонија оди само назад.

Додека земјите од регионот од 2017 до 2023 година имаа раст на БДП над 50%, Македонија имаше раст од само 20%. Што повеќе е потребни за да се види колку е очајна состојбата во државата со Ковачевски?

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2024 23:39