Денеска во седиштето на Алијансата за Албанците, претседателот Арбен Таравари беше домаќин на амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, неговата екселенција Андраш Клајн.
На оваа средба се разговараше за најважните политички прашања и предизвиците со кои се соочува Северна Македонија, а посебно значење беше дадено и на разговорите за претстојните избори во земјата како и за позицијата на Алијансата за Албанците во овој процес. Претседателот Арбен Таравари го информираше амбасадорот дека постојано се одржуваат средби со најрелевантните фактори во земјава и наскоро ќе има официјална изјава за позиционирањето на Алијансата за Албанците. Пред сè, Таравари го увери амбасадорот дека било како да тече процесот, АА останува, како и секогаш, посветена на европскиот пат на Северна Македонија.
Амбасадорот Клајн рече дека унгарската амбасада во Скопје со голем интерес ги следи актуелните настани во земјата и секогаш е подготвена да ја поддржи нашата земја кон членството во ЕУ. Како земја претседавач на ЕУ од јули годинава, Унгарија како еден од приоритетите ќе ја има поддршката на земјите од Западен Балкан во евроинтегративните процеси со крајна цел нивна целосна интеграција во ЕУ.