Општина Штип денеска ги подели бесплатните училишни униформи на 2.200 ученици од прво до петто одделение во петте основни училишта, изјави на прес-конференцијата во Општинското основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

-Она коешто го најавивме еве веќе денеска се реализира. Станува збор за комплет на униформи од маичка и дуксер, кои ќе се користат во три сезони, за да се намалат разликите помеѓу учениците, да се чувствуваат еднакво, со еднаков третман и чувство на припадност. После подолг период, од оваа година се започнува со имплементација на овој проект, вели Јорданов.

Тој истакна дека набавката на бесплатните училишни униформи за учениците во одделенска настава чинат над 4,5 милиони денари. Јорданов најави дека за новата учебна 2024-2025 година се планира набавка на бесплатни училишни униформи и за учениците од шесто до деветто одделение во основните училишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2024 00:13