Бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, се зголемил за 3,8 проценти. Во периодот јануари – декември 2023 година, споредено со истиот период од 2022 година, е евидентирано зголемување на бројот на работниците во индустријата од 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Податоците на ДЗС покажуваат дека бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година бележи пораст од 6,3 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4 проценти. Опаѓање од 1,8 проценти е регистрирано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 3,7 проценти и Капитални производи за 18,7 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,6 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2024 19:49