Мора прво да кажеме дека здравствениот систем е многу важен дел од целото опшествено битисување, а јавното здравство претставува еден столб, на целокупниот здравствен систем. Нашите граѓани бараат услуги и имаат проблеми, кои што ги решаваат најмногу во јавното здравство и она што често го дискутираме во здравствената комисија и планираме да го ставиме во програмата заедно со тимот, е дека треба да работиме на 3 круцијални сегменти, ефективност, ефикасност и екомичност во здравствениот систем. Оваа последна точка се поврзува со она прашање, кое што вие го поставивте, корупција или несоодветно трошење на средствата, кои што ги има во јавното здравство. Секако тука преставуваат еден круцијален дел, тие протоколи на функционирање на здравствените организации и институции, почнувајќи од примарно здравство, секундарно здравство, па и во терцијалното здравство, каде што се клиниките и каде што чувме и претседателот најави дека ќе има драстични промени во начинот на функционирање и во начинот на кој што ќе се нотираат економски бенефити, односно да нема растурање на ресурсите, кажа доктор Игор Николов на денешната дебата Здравствена платформа за иднина на тема Концепт за здравство.

Многу е важно во овој дел од јавното здравство има практично дополнителни 2 столба. Тоа е кадровската политика, односно луѓето кои што работат, во јавното здравство и инфраструктурата. Бидејќи без кадри и без инфраструктура јавно-здравствениот систем, секако и останатиот дел од здравствениот систем, многу тешко ќе функционираат. Слушнавме дека инфраструктурата ќе биде практично приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот посебно инсистираше да овој настан се случи во Штип, како еден центар во источна Македонија, каде што практично ќе треба здравството да се зајакне, а тоа би се направило инфраструктурно. Имаме план за завршување на штипската болница, која што е од прилика готова 30% но секако ја оставија, како што оставија се друго, овие кои што се на заминување и тука имаме еден унивирзитет кој што креира кадри, кои секако ќе бидат еден голем бенефит за целокупниот здравствен систем, потенцира Николов.

Тој рече дека би сакал да се надоврзи на тоа што го покажаа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во локалната самоуправа, дека имаат добри резултати каде што ништо не е поврзано со корупција. Тоа што се случува на локалната власт, би требало да се пренесе со ова лидерство и во министерствата, односно во останатите системи од целото оштество. Круцијален дел од системите на таквото општество претставува здравството.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2024 19:54