Во Струмица денеска е одбележана 152-годишнина од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Пред неговиот споменик на истоимениот плоштад се одржа пригодна свеченост на која за неговиот живот и дело зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов.

-Таков бесмртен лик на тлото по кое чекориме е најголемиот македонски син, стожерот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, кој се роди на денешен ден-4 февруари, во далечната 1872 година. Токму по тој повод, стоиме простум пред неговиот најмонументален споменик во земјава за да ја одбележиме 152-годишнината од неговото раѓање, но и да се потсетиме на најважните нешта кои го одбелажаа неговиот краток, но исклучително богат живот, исполнет со најзначајните жили од кореновиот систем на македонското револуционерно движење, рече Костадинов

Ученици од ОУ „Гоце Делчев“ од селото Вељуса изведоа рецитал, а претставници на политички партии, институции, здруженија и граѓани положија цвеќе пред споменикот на Делчев



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2024 17:06