19 членови од последниот состав на Академијата на Алијансата за Албанците, стратешко-советодавно тело одговорно за изградба на партиските политики, објавија изјава за поддршка на претседателот на Алијансата за Албанците, др. Арбен Таравари, откако овој ја искажа опозициската опција во пресрет на парламентарните избори.

Потписниците во писмото велат: „Изразуваме целосна доверба и безрезервно го поддржуваме лидерот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари, на патот што го трасираше за да се направат сигурни промени во албанскиот политички блок.

Тие сметаат дека земјата е во сериозна социјална, морална и економска криза и дека главната одговорност и катализатор на оваа криза е Демократската унија за интеграција, која речиси континуирано владее над две децении. Велат дека ваквата состојба не смее и не може да продолжи и дека сега е една прилика која се пружа еднаш во животот за голема политичка промена, сигруна промена.

На крајот од псимото се вели: „Др. Арбен Таравари е надеж. Се надеваме дека сè уште има политички лидери кои се водат од етички принципи и кои имаат убедување и политичка верба зад кои стојат бескомпромисно. Убедени сме дека др. Арбен Таравари ќе чекори по вистинскиот пат, по патот што го трасираше Арбен Џафери и ќе доведе до пресврт на реалноста на Албанците во Северна Македонија“.

Академијата на Алијансата за Албанците броеше 30 членови, од кои двајца починале, а тројца претходно го напуштија ова тело.

Алијанса за Албанците



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 16:49