„Ако продолжиме со овој Франкештајн модел за четири години од денеска нема да имаме квалитетна државна администрација, а со тоа и ќе се доведе во прашање функционирањето на општеството. Луѓе кои се квалитетни и вложувале во себе се повеќе бегаат во епидемиски размери. Како што имаме експлозија од вработувања во јавната адмионистрација така од друга страна имаме експлозија на вработени кои ја напуштаат јавната администрација“, изјави Стефан Андоновски – заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација на гостувањето во радио Лидер.

„Балансерот навистина создава еден модел кој не одговара и кој што е комплетно надминат. Во одредени институции како што е на пример Министерството за Политички систем над 65% од вработените се албанци, над 95% од вкупниот број на вработените не се македонци, тука тој Балансер е поставен обратно, и ова не е единствен пример, а вакви примери имаме и низ други институции низ државата. И навистина не можам да сфатам како во едни министерства важи Балансерот додека во други се изоставува Балансер и таму може да работат само луѓе од ДУИ“, дополни Андоновски.

„Балансерот е вграден во закон и тој те принудува најпрво да избереш што си по националност а потоа дали си квалификуван за одредена позиција или не, а тоа е неразбирливо за било кого и во било која држава‘‘, кажа Андоновски.

„Во последните 6 години ние немаме никаков напредок во реформите во јавната администрација. Во ¼ од реформите уназадуваме, во ¼ имаме направено одреден напредок, а во ½ најголемиот дел сме во стагнација. Кога се ќе се собере и одземе, заклучуваме дека ние имаме целосна стагнација во реформата во јавната администрација и сето тоа создава сериозен проблем во општеството“, истакна Андоновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2024 17:06