Хиена уби едно лице, а повреди две други во напад близу Мултимедијалниот универзитет на Кенија во на главниот кениски град Најроби. Универзитетот се наоѓа во близина на западната граница на Националниот парк „Најроби“, дом на хиени, лавови и гепарди.

„За жал, тимот откри делумни човечки останки на местото на настанот“, соопшти Кениската служба за диви животни.

Во нападот е убиен тамошен жител. Неговите блиски велат дека додека собирал огревно дрво, хиената го нападнала и одвлекла од шумата. Притоа, еден од повредените кои се обиделе да помогнат, 21-годишен студент по Инженерство, го загубил палецот и има повреда на окото во нападот.

По нападот е усмртена една хиена, а телото се тестира за беснило и други болести. Беснилото ги прави заразените животни поагресивни. Се трага и по други единки.

Нападите од хиени станаа почести во предградијата на Најроби, што ги натера властите да издадат упатства за тоа како да реагира во случај да се наиде на хиена.

„При блиска средба со хиена, не се оддалечувајте додека не таа не го стори тоа и останете свртени кон неа. Бидете гласни, глумете агресивно и застрашувачко суштество за да ја одвратите хиената“, се советува.

Околните жители и студентите на Универзитетот бараат од властите поголемо обезбедување на Националниот парк и ограничување на движењето на животните.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2024 21:27