Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествуваше на форум за безбедност во Конгресот на САД.

За време на форумот Ѓорчев оствари средба со конгресмените Роберт Адерхолт и Пит Сешнс.

Ѓорчев ги информираше конгресмените за состојбите во Македонија, како и подготовките за претстојните парламентарни избори, нагласувајќи ја потребата од одржување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Воедно, Ѓорчев учествуваше на Молитвениот појадок во Вашингтон, каде што се обрати претседателот на САД Џо Бајден.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2024 01:02